X
 23.09.2020 Наука

Откриена „Пи-планета“ на која годината трае 3,14 дена

Омилената математичка константна штотуку стана уште поинтересна. Истражувачи од Технолошкиот институт во Масачусес откриле далечна планета која кружи околу својата ѕвезда на секои 3,14 дена, исто како првите цифри на бројот π (пи).

Истражувачите ја опишале планетата со големина на Земјата како неверојатно топла и веројатно непогодна за живот. Но планетата, именувана како K2-315б, се движи како часовник, вели студентот Праџвал Нираула, главен автор на истражувањето за планетата.


Фото: Pixabay

Тимот ја открил егзопланетата (планета надвор од нашиот Сончев Систем) во податоци собрани во 2017 година со помош на телескопот „Кеплер“ на НАСА. Телескопот е во мирување од 2018. Истражувачите потоа го потврдиле постоењето на планетата и со разгледување на податоци од телескопот „Спекулус“, кој се наоѓа на Земјата.

Егзопланетата патува со брзина од 181.000 километри на час. Нејзината близина со ѕвездата значи дека на површината на планетата температурата стигнува и до 177 Целзиусови степени.

Истражувачите велат дека планетата може да биде одличен кандидат за идно набљудување со телескопот „Џејмс Веб“, со кој може да се добијат повеќе информации за атмосферата на планетата.

Автор: Аманда Кусер
Извор: cnet.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука