Зошто светот сака толку да дознае за тоа како учениците со Шангај учат математика? Бидејќи Шангај, град со 24 милиони луѓе, се наоѓа на врвот на меѓународната табела за математика од Оранизацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
На возраст од 15 години, учениците од Шангај се`уште учат за нивните GCSE (General Certificate of Secondary Education). Всушност, децата од најсиромашните 30% од населението во математика ги надминуваат децата на најбогатите 10% од населението во Англија. Јасно е дека наставниците во Шангај прават нешто правилно.
Постојат многу кои се обидуваат да го припишат достигнувањето во Шангај на наводните социо-културни објаснувања. Овие критичари укажуваат на „мајки тигрици“, растечката еконимија на Кина или попустливата природа на кинеското општество за да го објаснат нивниот успех. Овие сурови национални стереотиопи не се проблемот; проблемот е тесноградоста со што се инсистира на тоа дека не постои ништо што можеме да научиме од откривањето на она што се случува во училниците во Шангај. Откако ќе влеземе внатре, можеме да видеме дека учењето во Шангај е многу различно од она што се случува во другите училишта и земји.
Ова може да се види од документарецот на BBC „Chinese School“.
Јун Јанг-Вилијамс, е наставничка по наука кој предавал на училиштата во Англија во изминативе 10 години. Таа нејзината кариера ја започнала во Ксиан провинцијата во Кина па затоа има привилегирана позиција да ги спореди училиштата во девете земји.
„Се чини дека британските училишта го напуштиле стилот на училница предводена од наставници. Иако ваквата педагогија се смета за пасивна, ова не значи дека ги загрозува резултатите од учењето. Студентите се всушност проактивни и поодговорни за нивното учење“, вели таа.
Минатата година, професорот Дејвид Рејнолдс од Универзитетот Саутемптон заедно со студентот на постдипломски студии Зхензхен Миао, тестирале 562 ученици на 9 и 10 годишна возраст од Саутемптон и Нанџинг од Кина, користејќи математички тестови од интернационалниот истражувачки проект Timss. Просечниот кинески резултат беше 83%, а просечниот англиски резултат беше 56%.
Поинтересно беше тоа што истражувачите ги снимаа лекциите во двете земји за да видат какви методи се користат во наставата. Одговорот е јасен: во кинеските училници, 72% од времетраењето на часот, беше инволвиран целиот клас, во споредба со 24% во Англија.
Покрај тоа, предавањето по математика е базирано на високо-квалитетни наставнички ресурси. Сите училишта учат по ист учебник, кој е објавен од Комисијата за образование и е ревидирано на годишна основа. Во споредба, во англиските училишта само 10% од математичките наставници ги користат учебниците како основа за своето предавање.
Доста внимание е вложено во математичката наставна програма во шангајското образование, но тоа е лудило за наставниците. Овие високо квалитетни ресурси едноставно обезбедуваат основа врз која може да се гради креативна и имагинативна настава. Ниту еден друг наставник не ја доставува скриптата на друг наставник.
Во истражувањето на Pisa во 2012 година, учениците одговараа дали за нив е вистинито прашањето „Се чувствувам среќно на училиште“. Во Шангај, 85% од учениците се согласиле со изјавата, што е над просекот на OECD.
Наставата по математика работи поради тоа што е прецизен. Ниту едно сфаќање на ученикот не е оставено на случајноста. Секој чекор од лекцијата е намерен и прецизен.