Во најдобар случај, во Човештвото има нежност,
малку разбирање и, повремено,
храброст.
Но, сѐ на сѐ, тоа е маса, грутка која нема
којзнае што.
Тоа е како големо животно во длабок сон и
речиси ништо не може да го пробуди.
Кога ќе се активира најдобро е во грубост,
себичност, неправда, убиство.
Што можеме да направиме со тоа Човештво?
Ништо.
Избегнувајте го колку што е можно.
Однесувајте се кон него како кон што и да е отровно, опасно
и безумно.
Но внимавајте. Тоа има закони со кои се штити
од вас.
Може да ве убие без никаква причина.
А за да побегнете, мора да бидете лукави.
Малкумина побегнале.
Морате сами да смислите план.
Не сум запознал некој што побегнал.
Запознав некои големи и
славни, но тие не побегнале
бидејќи се големи и славни само
во Човештвото.
Јас не побегнав
но не престанав да се обидувам одново
и одново.
Се надевам дека пред смртта ќе успеам да стекнам
сопствен живот.
Чарлс Буковски
Фото: Unsplash