X
 23.11.2017 Технологија

Илон Маск предупредува: „Човештвото се соочува со две закани“

Неодамна магазинот „Ролинг стоун“ направи интервју со иконата на технолошката индустрија, Илон Маск. Во него Маск зборува за најголемите закани за човештвото. Според него, во моментов, човештвото се соочува со 2 најголеми закани:

фотоизвор: Think Marketing

Климатски промени


Маск разви батериски систем за да складира соларна енергија и постојано докажува дека ги разбира проблемите што се создаваат поради климатските промени. „Тесла“, „Хајперлуп“, „Спејс екс“ и компанијата „Боринг“ содржат клучни елементи за намалување на традиционалните ресурси што се користат во индустриите и работат на креирање паметни начини за светот да се обезбедува со моќ. Се креира воз со огромна брзина за олеснување на сообраќајот, се работи на намалување на емисиите на штетните гасови преку користење подземни тунели. „Тесла“ пак, е компанија во која се создаваат електрични возила.

Маск со сето ова покажува дека навистина се бори за зачувување на животната средина и ги разбира климатските промени.

Вештачка интелигенција

Можеби изгледа чудно што еден од лидерите во технолошката индустрија, каде што во огромна мера се користи вештачката интелигенција, ќе ја потенцира токму неа како закана за човештвото. Сепак, најголемата опасност според Маск не доаѓа од самата технологија, туку од луѓето што ја програмираат.
Тој вели дека има ризик од концентрацијата на моќта, па ако вештачката интелигенција претставува екстремно ниво на моќ, дали треба да биде контролирана од неколку луѓе од моќните компании без надгледување?

Во изминатата година мислите на Маск во врска со вештачката интелигенција се проактивно внимателни. Сепак, и академските истражувања ги поддржуваат ставовите на Маск за вештачката интелигенција.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија