Продуцентските куќи „Ворнер брос“ и „Њу лајн синема“ и „Ембрејсер груп“, шведската компанија за игри која ги поседува правата на повеќето од делата на Толкин, потпишаа договор за нови продолженија на „Господар на прстените“ и „Хобит“. Според договореното, се најавува снимање на повеќе филмови по книгите на писателот Џ. Р. Р. Толкин.
Вкупната вредност на новиот договор сѐ уште не е откриена.
Новите филмски раководители на „Ворнер брос“ - Мајк де Лука и Пем Абди стојат зад новиот повеќегодишен договор што навестува повеќе играни филмови.
- И покрај целиот обем и сета љубов спакувани во двете трилогии, огромниот, комплексен и блескав универзум отсонуван од Џ.Р.Р. Толкин останува во голема мера неистражен - соопштија тие.
Де Лука и Абди навестија и дека секој нов нареден филм нема нужно да го повторува она што го покриваа досегашните филмови на Питер Џексон.
Извор: МИА