Невообичаено дрво од видот северна рата, кое личи како да оди на празно поле, беше прогласено за дрво на годината во Нов Зеланд. Огромното растение, кое многу личи на Ент од „Господарот на прстените“ е старо со векови.
Бизарното, огромно дрво кое личи како да има нозе, па беше наречено „дрвото што оди“, е едно од највисоките видови дрвја што можат да живеат до илјада години. Корењата и долгите гранки што личат на раце прават дрвото да личи на Ент - видови суштества од „Господарот на прстените“ кои личат на дрвја и ги чуваат шумите на Средната земја.
Дрвото е само среде голема ливада во близина на гробишта, на западниот брег од Јужен Остров. Високо е околу 32 метри, што е приближно колку седумкатница.
Дрвото е добитник на наградата дрво на годината која ја доделува организацијата Арборикултурна асоцијација на Нов Зеланд, освојувајќи 42 отсто од гласовите на публиката.
Не е познато колку е старо, но од организацијата забележуваат дека е единственото преживеано дрво од цела шума, која била исчистена пред околу 150 години. Фамилијата што ја поседувала земјата очигледно сметала дека дрвото е посебно и го оставила.
Северната рата се вид епифити - растенија кои растат врз друго растение, при што пуштаат корења во воздух кои на крајот достигаат до земјата. Животот на ова дрво што оди веројатно почнал високо на крошната на домаќинот, одржувајќи се во живот од воздух и дожд пред да стаса до почвата. Невообичаените корења веројатно се создале како резултат на тоа како дрвото растело околу дрвото-домаќин, кое, пак, веројатно умрело пред векови.
Дрвјата северна рата се ендемични во Нов Зеланд и некогаш биле најчестите видови во шумите таму. Сепак, нивната распространетост се намалила во текот на последните децении и сега тие се означени како ранливи. Освен дефорестацијата, главните закани за овој вид се инвазивните опосуми, кои ги уништуваат дрвјата јадејќи ги лисјата и корењата.
Извор:
Live Science
Фото: Live Science / Gareth Andrews