24.03.2022
Живот
Рекордна трговска размена меѓу Македонија и Германија
Согласно официјалните статистички податоци на Сојузното министерство за економија и климатска заштита на Германија и надлежните институции на Македонија, трговската размена помеѓу двете земји минатата година повторно значително се зголемила и го достигнала своето рекордното ниво со остварена трговска размена во вредност од 4,7 милијарди евра. Ова значи зголемување за 23,6 отсто во споредба со минатата година.
Извозот од Македонија кон Германија во 2021 година се зголемил за 24,8 отсто во споредба со 2020 година, додека увозот од Германија се искачи од 1 милијарда евра на 1,2 милијарди евра, што претставува раст од 20,6 проценти.
Економската соработка со Германија е на исклучително високо ниво и традиционално оваа земја е прв трговски партнер на земјава, со голем број директни инвестиции на компании од Германија во нашата земја, се вели во соопштението од Владата на Македонија.