X
 20.07.2020 Економија

Светот го одбегна најлошото сценарио за трговијата за време на пандемијата

Економистите од Светската трговска организација велат дека светот го одбегна најлошото сценарио за глобалната трговија за време на пандемијата на коронавирусот. Обемот на трговската размена се намалил за 3% во првиот квартал од 2020, во споредба со истиот период минатата година. Процената за вториот квартал покажува пад од 18,5%.


Фото: Pixabay

Според Светската трговска организација, овие падови се историски големи, но можеле да бидат полоши. Според прогноза на организацијата, трговската размена можела да падне до 32% во април во најлошо сценарио. Сепак, постојат ризици за обемот во следните месеци, особено во случај на втор бран, послаб економски раст и трговски ограничувања што би ги вовеле владите.

Според организацијата, фискалните, монетарните и трговските правила треба да се менуваат во иста насока за трговската размена и производството да се вратат во нормала во 2021. Следуваат графикони на кои се покажува влијанието на коронавирусот врз светската трговија.

Трговската размена била најниска во вториот квартал


Фото: СТО

На првиот графикон се гледаат две сценарија што биле очекувани од Светската трговска организација. Едното е оптимистично, во кое глобалната трговија би паднала за 13% во 2020, а второто е песимистично, во кое трговијата би паднала за 32% годинава. Според организацијата, се одбегнало песимистичното сценарио, а трговската размена треба да расте за 2,5% по квартал до крајот на годината за да се реализира оптимистичното сценарио.

Комерцијалните летови што носат карго се зголемуваат


Фото: СТО

Бројот на летови се намалил за 74% од 5 јануари до 18 април, но сепак се зголемил оттогаш. Овие зголемувања се во однос на историски ниски падови, но индустријата се подобрува.

Се пренесуваат повеќе стоки со контејнери


Фото: СТО

Има подобрување во транспортот на стоки со контејнери на глобално ниво, но Светската трговска организација предупредува дека е рано да се донесуваат заклучоци.

Индексите за нови нарачки за извоз се подобриле во мај


Фото: СТО

По рекордни падови, индексите покажуваат дека нарачките за извоз почнале да се зголемуваат во мај.

Повеќе продажби на автомобили


Фото: СТО

Продажбата на автомобили покажува знаци на подобрување. Продажбата на автомобили во Кина се намалила за речиси 80% во февруари во споредба со истиот месец минатата година, но пораснала за 5% во мај. Се забележува подобрување и во Западна Европа и САД во мај.

Автор: Ема Чарлтон
Извор: weforum.org
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија