X
 24.04.2018 Култура

Француските пратеници Бертран Сор и Грегори Галбадон во посета на Македонија

Пратениците од Собранието на Република Франција и членови на „Републиката во движење” (мнозинство), Бертран Сор, претседател, и Грегори Галбадон, заменик-претседател на групата за француско-македонско пријателство, од 23 до 27 април 2018 година ќе бидат во Македонија.

francija

Во рамките на нивната посета ќе бидат примени и ќе остварат средби со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и претседателот на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентот на Француската Република, Панче Иванов, како и членовите на групата.

На 25 април, по средбата со госпоѓа Наташа Петровска, градоначалник на Општина Битола, пратениците Сор и Галбадон заедно со амбасадорот на Франција, Кристиан Тимоние, ќе присуствуваат на комеморативен настан за жртвите од Првата светска војна на Француските воени гробишта. По тој повод свечено ќе биде поставено уметничко дело од длабен камен изработено од француски ученици од гимназијата „Ла Рокел“ од Кутанс во Нормандија, кои се на училишна размена со гимназијата „Јосип Броз-Тито“ од Битола.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура