Иф е поранешен француски остров-затвор, кој многумина сè уште го нарекуваат европски „Алкатраз“. Станува збор за мал остров кој се простира на површина од 0,03 квадратни километри во залив кој е оддалечен 3,5 километри од старото пристаниште во Марсеј, а на кој доминира тврдина на три ката.
Замокот на Иф бил изграден на почетокот на 16 век од францускиот крал Франциско I за да го заштити брегот од инвазија, но и да ја скрие новата флота на бродови од љубопитните очи. Поради утврдувањето на самиот остров, но и безмилосните морски струи околу него, Иф се покажал како идеално место за затвор.
Од 1580 до 1871 година некои од најопасните криминалци во тоа време тука ја отслужувале својата казна, како и верски и политички затвореници кои се спротивставувале на тогашната власт. Богатите криминалци можеле да ги подмитат чуварите за да добијат сопствена ќелија, раскошни оброци и други поволности. Сиромашните, пак, умирале од глад и болести во занданите без дневна светлина.
Замокот станал популарен дури откако Александар Дима го споменал во неговиот познат роман „Грофот од Монте Кристо“ во 1844 година. Иако протагонистот Едмонт Дантес успешно избегал од овој затвор по 14 години, во реалноста не е забележан ниту еден успешен случај на бегство од него.
Големата популарност на романот придонела за распуштање на затворот и отворање на островот за јавноста во 1890 година. Оттогаш, тој е туристичка атракција што ја посетуваат гости од целиот свет.
Извор:
Pun kufer
Насловна фотографија: Instagram