X
 24.06.2021 Спорт

Роналдо достигна рекорд со двата гола против Франција

Двата гола на Кристијано Роналдо на натпреварот помеѓу Португалија и Франција вчера му помогнаа на фудбалерот да го израмни светскиот рекорд за најмногу голови.

Со двата гола, Роналдо досега дал 109 гола за иста репрезентација (Португалија) на меѓународни натпревари. Со тоа, тој сега го држи рекордот за најмногу голови заедно со Али Даеи од Иран, кој претходно ја стигнал таа бројка.


Фото: Wikipedia

Роналдо ги дал 109-те голови на 177 натпревари, додека Даеи стигнал до тој број играјќи на 149 натпревари.

Следни на листата на фудбалери со најмногу голови се Моктар Дахари од Малезија со 89 голови и Ференц Пускас од Унгарија со 84 голови, а по нив се Годфри Читалу од Замбија со 79 голови и Хусеин Саед од Ирак со 78 голови. Следен е бразилецот Пеле со 77 голови дадени во 92 натпревари.

Извор: UEFA
Фото: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт