Низ светот со години постојат грижи за лажните вести и на многу места луѓето сè помалку им веруваат на медиумите. Мапа од „Лендгајст“ покажува дека довербата на жителите во медиумите зависи од земјата. Така, во поголемиот дел од Западна и Северна Европа мнозинството им верува на медиумите.
Финците најмногу им веруваат на медиумите (69 отсто), па Португалците (91 отсто) и Данците (58 отсто). Од друга страна, стапката на доверба е многу пониска во Обединетото Кралство (34 отсто) и во Франција (29 отсто).
Во Словачка е најмал процентот на луѓето што им веруваат на медиумите - 26 отсто.
Од регионот, околу 38 отсто од Хрватите им веруваат на медиумите, 35 отсто од Бугарите, а 27 отсто од Грците, една од најниските стапки во Европа. На мапата нема податоци за Македонија.
Извор:
Landgeist
Насловна фотографија: Pixabay