X
 19.09.2022 Економија

Данска користи обновливи извори, Франција нуклеарни централи: како се произведува струјата што ја трошат Европејците?

Многу европски земји се трудат да го намалат користењето на енергетски извори што го загадуваат воздухот, но војната во Украина им ги промени плановите.

Мапа направена од онлајн медиумот „Лендгајст“ го покажува видот на енергетски извор кој најчесто се користи во производството на струја во земјите низ Европа. Најкористениот енергетски извор се разликува од земја до земја. Јагленот, гасот и нафтата се најкористени енергетски извори за струјата што се користи во поголемиот дел од континентот.



Франција е единствената европска земја која најмногу користи нуклеарни извори на енергија, а Данска е единствената европска земја која користи најмногу струја произведена од обновливи извори.

Мапата покажува дека најкористен извор на енергија за потрошената електрична енергија во Македонија е нафтата, односно 46,9 отсто од струјата што се користи се произведува со нафта.

Извор: Landgeist
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија