X
 24.07.2023 Живот

Претставено новото лого на „Твитер“

Новото лого за „Твитер“, бела буква „Х“ на црна заднина, денеска беше претставено од страна на генералниот директор на компанијата, откако сопственикот Илон Маск изјави дека сака да се ослободи од логото со сината птица.

Во својата порака утрово Линда Џакарино напиша: „Х е тука, ајде да го правиме ова“.

Маск ја смени сликата на профилот во ново лого и го додаде X.com како нова УРЛ-адреса на социјалната мрежа. Тој вчера изјави дека сака да го смени логото на „Твитер“ и на својот интернет-простор напиша: „Наскоро ќе се збогуваме со брендот на досегашниот „Твитер“, а постепено и со сите птици“.

На прашање како ќе се нарекуваат отсега твитовите, Маск одговори: „иксови“.
Џакарино додаде дека ребрендирањето ќе донесе нови возбудливи можности. Според наводите, Маск сака да создаде „суперапликација“ наречена „Х“.

Извор: МИА

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот