Американскиот претседател Доналд Трамп го објави изгледот на официјалниот амблем на новата гранка на вооружените сили на САД, а многумина веднаш ја уочија сличноста со едно друго лого.
Кога во јуни 2018 година Доналд Трамп најави дека САД ќе формираат шеста гранка на вооружените сили, вселенска армија, информацијата веднаш предизвика лавина коментари, претежно негативни. Таквиот потег е само покажување суета и реализирање на детски соништа, непотребно е да се издвои веќе постојната американска вселенска команда од воздушните сили. Но, Трамп не се откажа од вселенските сили, па на 20 декември минатата година официјално беа основани.
Организирани како самостојна гранка, вооружените сили бројат околу 16.000 припадници, а главните задачи се заштита на интересите на САД во вселената, одбрана од агресија во и надвор од вселената и спроведување вселенски операции. Критиките не стивнуваат, но Трамп продолжува по свое, па на неговиот твитер-профил објави како ќе изгледа официјалниот амблем на вселенската војска.
Бидејќи американскиот претседател не е омилен меѓу интернет-корисниците, веднаш почнаа шеги и посериозни забелешки затоа што логото на вселенската војска е украдено од „Ѕвездени патеки“. Имено, тоа потсетува на знакот на Командата на ѕвездената флота, а сличноста можете да ја видите сами.
Но, не е сè баш така како што се посочува на интернет. Новиот знак на вселенската војска има свој основен дел, а стрелката на средина ја „позајми“ од вселенската команда на американските воени сили, неговиот директен претходник. Оваа команда постоеше од 1982 година до минатата година, кога беше претворена во вселенска сила.
Портпаролот на Пентагон потврдува дека спорниот амблем е во употреба уште од 1942 година, кога првпат го користеле воените воздухопловни сили, но дека се поврзува со вселенските агенции од 1961 година. „
Ѕвездени патеки“ на малите екрани пристигна во 1966 година.