Инфлуенсерите станаа значаен дел од маркетинг-индустријата во последните години, но многумина не се среќни поради тоа. Најголем дел од критиките се однесуваат на нереалистичноста што се промовира од страна на многу инфлуенсери.
Но и тоа не ги спречило британските универзитети да ги користат
услугите на инфлуенсерите. А често тие инфлуенсери воопшто не студирале на универзитетите за да ги промовираат.
Неодамна моделот и инфлуенсерка Амбар Дрискол го промовирала Универзитетот во Хал на „Инстаграм“, иако таа студирала на Универзитетот во Ексетер, на спротивниот крај од Велика Британија. Дрискол добила многу критики за објавата.
Таа не е единствената што соработува со универзитет. Впрочем, ваквите соработки стануваат сè почести. Според Бенедикт Холмс, поранешен заменик-директор на студентската служба на Универзитетот „Дурам“, инфлуенсерите може да имаат мешано влијание врз идните студенти. Тие може да бидат охрабрувачки, но има проблем и со нереалните очекувања.
Овие нереални очекувања стануваат поизразени кога инфлуенсерите промовираат универзитети на кои не студирале. Едно е да се промовира производ што не сте го промовирале, но друго е да се промовира одлука што го менува животот.
Фото: Pixabay
Ова го отвора прашањето дали соработката помеѓу инфлуенсерите и универзитетите треба да се смета за едноставна финансиска соработка како соработката со другите брендови.
Блогерката и инфлуенсерка Грејс Би тврди дека овие партнерства сепак треба да се третираат исто како сите други бидејќи британските универзитети се бизниси. Освен тоа, повеќе инфлуенсери објаснуваат дека не прифаќаат соработки со брендови што самите не би ги користеле.
Автор: Емили-Џејн Хип
Извор:
vice.com