X
 24.12.2021 Култура

„Каде бајките оживуваат“ на 12. Анимакс Скопје фест

Под мотото „Каде бајките оживуваат“, денеска и утре во Кинотека ќе се одржи 12. издание на Меѓународниот филмски фестивал за анимирани филмови Анимакс Скопје фест. На него ќе бидат прикажани 25 анимирани филма во официјалната програма и 9 анимирани филма се наменети за детската публика. Анимакс Скопје фест е прв фестивал на анимиран филм во Македонија. Цел на фестивалот, според организаторот, е да се подигне нивото на културата во поглед на изработка на анимирани филмови за возрасни и деца, кои презентираат различни аспекти од секојдневниот живот.

Филмовите во официјална конкуренција се избрани од пријавениот огромен број анимации, меѓу кои најголем број од  Франција, Англија, Германија, Шпанија, Русија, Бразил и други. Голем дел од филмовите што се борат за Златната тула се носители на престижни награди, победници на филмски фестивали од А-категорија.

Официјалната програма на фестивалот со прикажување на филмовите ќе почнува во 20 часот Проекцијата на филмови за деца ќе се одржи на 25 декември (сабота) со почеток во 17:00 часот Публиката ќе има можност да гласа за најдобриот филм за деца и да го одбере победникот. Сите проекции се бесплатни.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура