Лабораторијата „Орфилд“ во Минеаполис, Минесота, е позната по она што го нема. Во неа нема звуци на сообраќај, врева, па дури ни звуци од уреди.
Просторијата е едно од најтивките места во светот, а најчесто се користи за
истражувања. Во неа се тестираат производи за ниво на звук, а резултатите се прецизни бидејќи во просторијата нема надворешни звуци. Лабораторијата се користи и за подготовка на астронаути за вселенски мисии, но може да се посети и ако купите влезница.
Фото: Youtube
При посетата на лабораторијата луѓето забележуваат дека ушите им се адаптираат на промената и почнуваат да слушаат звуци кои обично не може да се чујат, како работата на срцето, стомакот, па дури и белите дробови. Некои посетители чувствуваат вртоглавица, анксиозност и др.
Искуството може да се доживее само во живо, но на „Јутјуб“ има видеотура од просторијата што може да даде слика за тоа што се случува. Лабораторијата во моментов е затворена, но кога е отворена, турите чинат 125 долари од човек.
Автор: Мишел Дебчак
Извор:
mentalfloss.com