Режисерите може да снимат секаков филм доколку имаат буџет. Снимањето на некои филмови чинело многу повеќе од тоа што многу филмови се надевале дека некогаш може да го заработат на киноблагајните. Понекогаш, овие инвестиции се исплателе, понекогаш не.
Повеќето од најскапите филмови се снимени во последниве две децении. На врвот на листата се наоѓа „Пиратите од Карибите: На чудни плими“, односно четвртиот дел од серијалот. За снимањето на филмот се потрошиле 422 милиони долари. Филмот заработил над 1 милијарда долари.
Друг филм од серијалот се наоѓа на третото место на листата, а тоа е „Пиратите од Карибите: На крајот на светот“, за кој се потрошиле 362 милиони долари.
Најскапи филмови снимени досега
1. „Пиратите од Карибите: На чудни плими“ (англ. Pirates of the Caribbean: On Stranger Tides) (2011) - 422 милиони долари
2. „Одмаздници: Ерата на Ултрон“ (англ. Avengers: Age of Ultron) (2015) - 386 милиони долари
3. „Пиратите од Карибите: На крајот на светот“ (англ. Pirates of the Caribbean: At World's End) (2007) - 362 милиони долари
4. „Одмаздници: Завршница“ (англ. Avengers: Endgame) (2019) - 356 милиони долари
5. „Одмаздници: Војна на бесконечноста“ (англ. Avengers: Infinity War) (2018) - 316 милиони долари
6. „Титаник“ (англ. Titanic) (1997) - 312 милиони долари
7. „Спајдермен 3“ (англ. Spider-Man 3) (2007) - 312 милиони долари
8. „Лига на правдата“ (англ. Justice League) (2017) - 307 милиони долари
9. „Заплеткана“ (англ. Tangled) (2010) - 299 милиони долари
10. „Хари Потер и Полукрвниот Принц“ (англ. Harry Potter and the Half-Blood Prince) (2009) - 292 милиони долари
Автор: Мишел Дебчак
Извор:
mentalfloss.com
Фото: Принтскрин/Youtube