Шест од најскапите десет града за странци во светот се наоѓаат во Азија. Хонгконг е на првата позиција втора година по ред, и покрај долгите протести со кои се соочува. Ашхабад и Токио се зад него.
Листата со најскапи градови во светот ја состави американската консултантска фирма „Мерсер“. Хонгконг остана на првото место на листата, која се прави 26. година по ред, најмногу поради високите цени за сместување.
Фото: Хонгконг/Pixabay
„Мерсер“ прави анализа на
трошоците на 200 фактори во 209 града низ светот. Во факторите се вбројуваат сместувањето, превозот, храната, облеката и забавата. На второто место на листата оваа година се најде Ашхабад, главниот град на Туркменистан, во кој во моментов има хиперинфлација и цените за увезените стоки и материјали се високи. Трет на листата е Токио, главниот град на Јапонија.
Сингапур и Њујорк се наоѓаат на петтото и шестото место, соодветно. Швајцарските Цирих, Берн и Женева се наоѓаат на четврто, осмо и деветто место, соодветно. Кинеските Шангај и Пекинг се на седмо и десетто место.
Фото: Ашхабад/Pixabay
Според анализата, најскапиот град во Африка е Нџамена, главен град на Чад, кој се најде на 15. место на целосната листа. Тел Авив е најскап град во Средниот Исток, а се наоѓа на 12. место на листата. Дубаи е втор најскап град во Средниот Исток.
Според анкетата, на последните места на листата се Тунис и Виндхук, главниот град на Намибија.
Од вкупно 209 града на
листата, Скопје се наоѓа на 202. место. Од градовите во регионот, Сараево се најде на 197. место, Белград на 183., Софија на 180., Тирана на 163., Загреб на 152., Љубљана на 148. и Атина на 138.
Извор:
dw.com