Тестовите за личноста базирани на оптички илузии се особено популарни изминативе години. Многу психолози користат вакви илустрации во работата со пациентите.
Во продолжение има необична илустрација која покажува како реагирате при донесувањето одлуки и соочувањето со проблеми. Без многу размислување, што прво видовте на фотографијата?
Дали видовте лав или егзотична птица?
Лав
Кога се соочувате со одредени проблеми имате потреба да копате длабоко додека не стигнете до изворот на ситуацијата. Вие сте личност која не се плаши да се соочи со своите стравови. Храбри сте и сами си го поставувате патот по кој сакате да одите во животот.
Меѓутоа, во минатото не било така. Премногу сте се двоумеле и премногу сте ги анализирале своите постапки, а токму затоа сега не се плашите. Меѓутоа, внимавајте бидејќи импулсивноста секогаш не е добра.
Птица
Се случува воопшто да не размислите пред да кажете или сторите нешто. Во многу ситуации се однесувате неодговорно и не размислувате премногу за последиците и за вас, целта ги оправдува средствата.
Меѓутоа, добро е што сте многу креативни. Имате енергија и волја да го смените светот околу вас на подобро. Ќе успеете во тоа доколку се однесувате повнимателно.
Извор:
DDL