X
 07.05.2022 Живот

Психолошки тест открива скриени карактеристики на психопат

Филипа Фут, филозоф од Британија, осмислила морална дилема која ја нарекла „дилема на вагон“. Оваа дилема подоцна била адаптирана во тест со кој некои психолози детектираат карактеристики на психопат.

Во тестот вагон се движи со голема брзина кон пет работници на шините. Имате можност да ја смените насоката на движење кон друга пруга на која се наоѓа еден човек. Ако го сторите тоа, ќе убиете еден човек, а ќе спасите пет. Дали би го направиле тоа?

Повеќето од луѓето одговараат дека би го свртеле вагонот за да ги спасат работниците. Во следната фаза од тестот, повторно има вагон кој се движи со голема брзина кон пет работници на шините. Сега сте на мост, а пред вас е крупен човек. Ако го турнете за да го стопирате вагонот, ќе ги спасите работниците. Дали ќе го направите тоа?


Повеќето луѓе на ова прашање ќе одговорат негативно, односно одбиваат да го турнат крупниот човек пред возот. Во двете ситуации би жртвувале еден живот за да спасите 5 други.

Научниците велат дека една група луѓе одговараат потврдно на двете прашања и со тоа имаат карактеристики на психопати. Двете ситуации ги сметаат за рационални. Меѓутоа, суштината се крие во „директното“ и „индиректното“ убиство. Значи, доколку на двете прашања одговоривте потврдно, во вас се крие психопат.

Извор: Studomat
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот