X
 25.07.2022 Живот

Евровизија ќе се одржи во Велика Британија

Изборот за песна на Евровизија следната година ќе се одржи во Велика Британија, потврдија денеска организаторите.

Како што јави Би-би-си, одлучено е дека настанот не може да се одржи во годинашната победничка земја Украина поради тековната војна. Велика Британија годинава беше втора, па Европската радиодифузна унија (ЕБУ) почна разговори со британската радиодифузна компанија.

Сè уште не е познато кој град ќе биде домаќин, но и Глазгов (Шкотска) и Манчестер (Англија), изразија подготвеност.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот