X
 13.02.2023 Култура

Што значи „ШЧ“ во песната со која Хрватска ќе настапи на „Евровизија“?

Групата „Лет 3“ со песната „Mama ŠČ!“ ќе ја претставува Хрватска на годинашната „Евровизија“. Песната ѝ го привлече вниманието на јавноста, а членовите на групата сега открија што значи „ШЧ“, односно „ŠČ“.

- „ШЧ“ од една страна е влез во корените на цивилизацијата бидејќи ШЧ е стар хрватски збор, глас и буква, барем 3.000 години постар од првото сумерско писмо. За оние што не слушнале за Сумерите, ШЧ е илјади години постаро од писменоста во Србија, а и во Чачак - откриле тие.

Претходно во интервју за локален медиум кажале дека овој збор може да означува крвна група, но и издишување при оргазам или медитација. Тие додале дека песната е социјално-политичко огледало на моментот на повеќе нивоа.


- На пример, зошто гледачите на „Евровизија“ сакаат да гледаат мажи во фустани и како во тоа може да им излеземе во пресрет? Понатаму, каков ужас може да направи политички морон и какви глупости измислуваат за тоа да се оправда. И уште понатаму - има ли живот по смртта, има ли живот по љубовта, го има ли во вселената, каква е ситуацијата на тоа прашање во Хан Пијесак и така натаму... Има тука многу работи, да, но тоа е тоа, никој ништо не прави, сè треба да направиме сами, само Вучиќ уште се мачи - раскажале тие.

Полуфиналните вечери на годинашната „Евровизија“ ќе се одржат во Ливерпул на 9 и 11 мај, а финалето е закажано за 13 мај.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура