Во моментов се активни повеќе од 20 огласи за вработување на над 200 административци.
Притоа, денеска е последен ден за аплицирање за вработување во
Државниот просветен инспекторат, за каде што има оглас за вработување 3 службеници, и за во
Државниот пазарен инспекторат, каде што се вработуваат 19 службеници. Утре, пак, истекува огласот за вработување тројца службеници во
Агенцијата за вработување.
До крајот на неделава можете да аплицирате на огласот за вработување 15 службеници во
Министерството за информатичко општество и администрација, на огласот за вработување 9 службеници во
Министерството за транспорт и врски, на огласот за вработување 10 службеници во
Државниот пазарен инспекторат, на огласот за вработување во
Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи, како и на огласот за вработување 41 службеник во
Фондот за здравствено осигурување, но и на огласите за вработување во
Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот и
Институт за духовно и културно наследство на Албанците.
Од преостанатите огласи се издвојуваат
огласот за вработување 15 службеници во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците,
огласот за вработување 20 службеници во ФЗОМ,
огласот за вработување 34 службеници во Министерство за финансии, но и оној за
вработување 15 службеници во Царинска управа на кои сѐ уште имате доволно време да аплицирате.
Сите огласи можете да ги погледнете
ТУКА.