Дали сакате да работите за компанија која посветува внимание на вашиот потенцијал и инвестира во вас? Колку е долг патот од вработен до извршен директор? Една од најголемите инвестициски компании во Западен Балкан, групацијата „Балфин“, нуди многу можности за раст и шанси за своите вработени да одат нагоре по корпоративната скала.
Голем број компании се дел од групацијата, а во Македонија, „Нептун“ и „Ист гејт“ се членови на ова големо семејство. Програмата која нуди можности за раст во рамки на „Балфин“ е именувана како Talent pool. Некои од најважните елементи на оваа програма се: идентификација, обука и професионален развој како и подготовка на вработените да ги преземат најважните раководни позиции во компаниите кои се дел од групацијата.
- Идејата се роди од неопходност. „Балфин“ е голема корпорација, со постојано растечка динамика и со бројни проекти кои се реализираат. Желбата да се развијат вработените и да се создаде кариерна рамка за нив, како и недостатоците на пазарот на труд на раководно ниво, се елементи кои доведоа до воспоставување на оваа програма. Така, соочувајќи се со предизвиците што ги бара бизнисот, единствениот начин за успешно да се справиме со нив и да се постигнат краткорочните, но долгорочните цели на корпорацијата е да се има квалитетен и мотивиран човечки капитал - вели Ањеза Келменди, директор за одделот за човечки ресурси на групацијата „Балфин“.
Одделот за човечки ресурси во „Балфин“ е дизајнер, имплементатор и надзорник на овој процес. Процесот, за своја важност во рамки на групацијата, бара ригорозно следење на програмата и згора на тоа, тековна студија за алтернативите и алатките кои можат да се користат за понатамошно збогатување на оваа програма. Одделот за човечки ресурси е одделение за развој на ниво на групацијата и има примарна улога во текот на целата програма.
Изборот на учесници во Talent pool се завршува преку детален процес поделен по фази. Првиот чекор е ширење на информации за оваа програма во рамки на компаниите кои се дел од „Балфин“. Понатаму, секоја компанија доставува предлози до заинтересираните кандидати кои треба да исполнат одредени критериуми. Во оваа фаза, сите заинтересирани кандидати треба да подлежат на специфичен сет на тестови поврзани со логички, како и професионални и менаџерски вештини. Кандидатите кои ќе ја поминат фазата на тестирање треба да направат интервју во седиштето на „Балфин“, а оние кои ќе ја завршат оваа фаза ќе станат дел од Talent pool.
- Програмата Talent pool е дизајнирана да ги развива кандидатите во три насоки: водечки и технички знаења, знаење кое е во форма на обука во училница. Работно знаење, обука на работното место во комбинација со тренинг во компаниите на ниво на висок менаџмент како и во седиштето на „Балфин“. Обуката продолжува со следење и менторство, каде што талентите се поврзуваат со високо квалификувани лидери во групацијата „Балфин“ кои од далечина им се поддршка во нивниот напредок - објаснува Келменди.
Откако кандидатите успешно ќе ја завршат програмата за обука, секторот за човечки ресурси подготвува досие за секој учесник. Досието содржи формулар со евалуација за секоја фаза на обуката. Врз основа на резултатите и коментарите, комитетот за евалуација донесува одлука и назначува успешни кандидати за промоција или за нова титула, што исто така се врши во согласност со слободни работни места во компанијата. Кандидатите за Talent pool кои успешно го завршуваат процесот на обука се првите кандидати кои ќе бидат разгледани за новите менаџерски позиции кои се достапни во групацијата „Балфин“.
Исто така, позиции кои можат да им бидат понудени на овие кандидати се: почнувајќи од заменик главен извршен директор или од извршен директор на една од компаниите во рамки на групацијата, до менаџер на проект, директорот на одделот или регионален менаџер.
„Балфин“ е една од најголемите инвестициски групации во регионот, позната по своите инвестиции во трговски центри, станбени и комерцијални области, туристички проекти како што се Green Coast Resort и Vala Mar Residences, во модната и рударската индустрија, како и во малопродажбата продажни активности со „Нептун“, „Џамбо“, СПАР, итн.
(комерцијален текст)