X
 26.03.2020 Наука

Научници велат дека може да има живот на Меркур

Според студија објавена минатата недела во списанието „Сајентифик рипортс“, постои мала шанса дека Меркур, најблискиот сосед на Сонцето, ги има сите потребни нешта за на него да има живот.

- Можно е доколку таму би имало вода, температурите да бидат соодветни за преживување и можеби за почеток на живот - истакнува коавторот на студијата, Џефри Каргел од американскиот Институт за планетарна наука.

Во студијата истражувачи сугерираат дека хаотичната површина на Меркур не е резултат на земјотреси, како што мислат многумина. Напротив, тие велат дека пукнатините на површината се предизвикани од волатили - елементи кои можат брзо да преминат од една состојба во друга, како течности кои преминуваат во гасови - клокотејќи одоздола.

Волатилите, како и водата, можат да обезбедат средина добра за живот под земја - површината е премногу топла и во текот на денот се загрева и до околу 430 Целзиусови степени.

Идејата за живот на Меркур бара уште истражувања, но истражувачите имаат надеж.

- Мислев дека коавторот Алексис Родригез се изгуби во еден момент. Но, колку повеќе копав во геолошките докази и повеќе мислев за хемиските и физичките услови таму, толку повеќе сфаќав дека оваа идеја можеби е луда, но не е сосема луда - истакна Џефри.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Wikipedia
Подготвил: Билјана Арсовска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука