X
 21.03.2022 Наука

Површината на Меркур е покриена со дијаманти

Како планета која е најблиску до Сонцето, Меркур без сомнеж е една од најинтригантните планети во Сончевиот Систем. Во споредба со нашите знаења за Месечината и Марс, за Меркур знаеме многу малку.

Кората на Меркур претежно е составена од графит, чиста форма на јаглерод што може да се претвори во дијаманти откако ќе биде погодена од астероиди. На планетата има многу кратери поради ударите од метеорити и комети во минатото.

Но, научниците сега изгледа имаат повеќе сознанија за површината на Меркур. Ново истражување претставено неодамна сугерира дека кората на Меркур можеби содржи 14 квадрилиони тони дијаманти.

- Притисокот од астероидите и кометите што удираат на површината со брзина од десетици километри во секунда би можел да го трансформира тој графит во дијаманти. Можно е да има значителна количина дијаманти блиску до површината - истакна Кевин Канон, геолог.

Дали тие дијаманти изгледаат онака како што претпоставуваме. Веројатно не.

- Тие веројатно не се воопшто слични како големите јасни скапоцени камења што ги сечеме и правиме накит од нив. Подобра споредба се малите замаглени дијаманти што се користат во индустријата како абразиви, веројатно во хаотична мешавина со графит и други форми на јаглерод - истакна Кевин.

Единствениот одговор на овие откритија може да е надежта дека нема да е толку тешко истражувањето на Меркур. Ние, луѓето, сè уште не сме стасале до Меркур. Само две мисии на НАСА направија блиски опсервации на планетата и ги проширија нашите хоризонти за најблискиот орбитер до Сонцето.

Дополнително на екстремно високите нивоа на гравитација, уште една пречка за истражувањето на Меркур од страна на луѓето е големата оддалеченост од Земјата. Не треба да се спомене екстремно променливата температура која варира од 427 до -173 Целзиусови степени. Условите на Меркур се многу екстремни за луѓето да можат да ја истражат планетата физички.

Така, целото внимание сега е насочено кон новата мисија на Европската вселенска агенција и Јапонскиот центар за вселенски истражувања наречена „Бепи Коломбо“, која се очекува да ја истражи планетата откако ќе пристигне на неа во декември 2025 година.

Извор: и фотографија: Interesting Engineering
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука