X
 26.06.2019 Економија

Кои европски земји се најскапи?

Домовите во Швајцарија се за 73,9 отсто повисоки од просекот на Европската Унија во 2018 година. Во Ирска тие се за 56,7 отсто повисоки од просекот во ЕУ, а во Велика Британија за 56,5 отсто. Романија, Полска и Бугарија имаат најевтини цени за домови.

Истражувањето на „Евростат“ опфатило 440 производи во повеќе од 30 европски земји. Статистичкото биро на ЕУ ги споредило актуелните цени со просекот на 28. земји-членки на ЕУ и ги рангирало земјите со алатка за визуализација на податоци.

Цените на алкохолот и на тутунот имале широк спектар. Во Норвешка тие се за 126,1 отсто повисоки од просекот на ЕУ, додека во Бугарија тие се за 41,8 отсто пониски од просекот на ЕУ.

zemji

Цените за кошницата за храна во Данска се двојно повисоки од оние во Романија. Храната во трите земји што не се дел од ЕУ (Швајцарија, Норвешка и Исланд) е поскапа во споредба со земјите-членки на ЕУ.

Цените на храната во Швајцарија се за 63,6 отсто повисоки од просекот на ЕУ.

Обединетото Кралство има повисоки цени од просекот на ЕУ за домување, алкохол и тутун, ресторани и хотели, рекреација, транспорт, телекомуникации и мебел. Но, облеката, храната и личниот превоз, како автомобили, мотоцикли или велосипеди, се поевтини од просекот на ЕУ.

Грција е најскапата земја за комуникации, а тука се вклучени поштенските, телефонските и интернет-услугите. Но, во секоја друга категорија, освен храната, цените на Грција се под просекот на ЕУ.

Романија и Бугарија честопати излегуваат како најевтини земји во Европа. Рестораните и хотелите се поевтини за 53,4 отсто во Бугарија и за 47,6 отсто во Романија од просекот на ЕУ.

Цените во Франција, Германија и во Белгија најчесто се повисоки од просекот на ЕУ.

„Евростат“ ги рангира земјите според нивото на цените - економски индекс што утврдува како стојат земјите во споредба со другите во поглед на тековните цени.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија