X
 25.12.2022 Живот

Што јадат луѓето за Божиќ?

Пред нас се новогодишните и божиќните празници. Храната е важен дел од прославите во овој период, но таа се разликува од земја до земја. Во зависност од локацијата, деликатесите кои се на масата за време на празниците може да бидат слатки, солени или нешто помеѓу.

Така, во САД на Божиќ се јаде месо, како мисирка, пилешко или говедско месо, со зеленчук и пире од компир. Мексико има традиционален оброк кој се состои од бакалар и салата со јатки, цвекло и марула, додека во Перу се јаде мисирка.

Во Аргентина, жителите за Божиќ јадат оброк кој наликува на нашата сарма и стек, додека во Бразил се јаде мисирка, риба или свинско месо со ориз и овошна салата.


Фото: Pixabay

Шпанците сакаат да јадат морска храна на Божиќ, Французите риба полнета со костени, а Британците најчесто готват печена мисирка.

Божиќ во Полска предвидува оброци со риба, а во Германија може да видите кисела зелка, печена гуска, компири и зеленчук. Најчестиот оброк за Божиќ во Италија е печено месо и тестенини, а во Гана жителите јадат традиционална супа со посебен вид леб.


Фото: Pixabay

На Божиќ младите жители на Кина се дружат со пријателите и си разменуваат подароци, а притоа се јаде свинско или пилешко месо и супа.

Во Русија, на Божиќ се јаде печено месо од гуска, патка, фазан, еребица или препелица. Во Филипини за овој празник се јаде обоен ориз со вкус на кокос и кафеав шеќер, а во Австралија е популарна скарата.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот