Биби, Боби, Жижи, Дино, Зази, Зина, лавот што не сакаше да биде крал, роботчето Р1, Алфеј, Џемаил, сите досегашни пријатели на Биби и многу нови ликови и места ќе се најдат на новиот суперзабавен албум со сликички „Светот на Биби“.
Албумот претставува заокружување на целиот свет на Биби, кој беше претставен преку „Сказните на Биби“ во изминативе четири години, но и за она што ќе следува во иднина.
Содржи 190 сликички. Ќе се продава низ цела Македонија, односно во маркети, трафики и во продавниците на „Светот на Биби“...
Една кесичка со 5 сликички ќе чини 29 денари.
Албумот „Светот на Биби“ е само еден од низата новитети што се подготвуваа изминатиот период. Заеднички со новиот автентичен, забавно-едукативен видеосервис
video.bibi.mk за сите другарчиња на Биби, новите епизоди од новите серијали „Рецептите на мама Ана“, „Шумско радио ФМ со водителката Жижи“, аудиосказните и уште многу други содржини кои ќе ги има ексклузивно и само на видеосервисот.
Вистинска можност што не треба да се пропушти е што сите корисници кои ќе се претплатат до 1 август на видеосервисот
video.bibi.mk ќе добијат и ГРАТИС албум за самолепливи сликички „Светот на Биби“. Албумот ќе може да се подигне во сите продавници на „Светот на Биби“ почнувајќи од 27 јули.
Албумот е полн со изненадувања и нови ликови, сказни кои допрва ќе се објават. Супер дополнување и вистинско размрдување на детското секојдневие.
Сите сликички и илустрации се нацртани од веќе познатиот дизајнер на Биби, Тхе Мичо, концептот е на Билјана Црвенковска, графичкиот дизајн е на Ивана Јовановска, во продукција на „Светот на Биби“.