X
 26.08.2020 Образование

Влада: Задолжителен ПЦР-тест за државјаните на Косово што транзитираат низ земјава

Владата ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести (КЗБ) со која сите патници државјани на Косово што поминуваат низ Македонија треба задолжително да приложат негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа.

- Прифатено е мислењето на КЗБ да не се прифатат барањата за измени на Протоколот за работата на угостителските објекти. Останува забраната за организирање свечености со музика (свадби, матурски, крштавки и слично) за да се спречи ширење на вирусот - информираат од Влада.

Усвоена е информацијата за исплата на парични права од социјална заштита за август 2020 година.

- Владата го задолжи Министерството за труд и социјална политика да ги достави податоците за корисниците на парични права од социјална заштита до деловните банки најдоцна до 1.09.2020 година за да се обезбеди достапност на средствата за паричните права од социјална заштита за август преку банкомати и во трговските мрежи од 2.09.2020 година - информираат оттаму.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование