X
 12.05.2015 Образование

Се прекинува соработката помеѓу МОН и студентите

Студентите излегуваат од работните групи во кои се изготвуваше новиот закон за високо образование и ја прекинуваат секоја соработка со Министерството за образование и наука.


Причината за ова се повеќето активности во изминатиот период во кој студентите беа жртви. Имено, се зборува за влегувањето на полицијата во библиотеката „Браќа Миладиновци“ за време на граѓански протест и апсењето на студенти.

- Поради крахирањето на политичките процеси и на демократските вредности се зголемуваат нашите сомнежи во капацитетот на оваа влада и нејзините добри намери. Со други зборови, за студентите оваа влада повеќе не е легитимна. На вчерашниот генерален интерен пленум студентите едногласно изгласаа излегување од работните групи за законот за високо образование и прекинување на секаква соработка со МОН и останатите институции, изјави студентка.

Студентите продолжуваат со барање решение за подобро образование, но без МОН. Имено, студентите најавија понатамошно функционирање само преку интерната работна група при УКИМ.

- Апелираме до студентите доследено да си ја вршат работата. Се’ досега укажува дека постои селективна правда при што се селектираат студенти со цел да се изврши притиско врз Студентскиот пленум и на сите студенти кои се борат за своите права, изјави Марко Христов од Студентскиот пленум.

Студентите најавија и понатамошно учество на мирните протести против полициската бруталност.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование