Веќе видовме неколку уникатни дизајни на слушалки, но необичниот дизајн на слушалките „хјуман“ нè потсетува на фризура популарна меѓу принцезите од далечна галаксија - дизајнот на слушалките е со неочекувана и иновативна функција за приватните сесии за слушање да ги претворите во заедничко искуство.
Кога ќе се поврзат, двата дела функционираат како пренослив блутут-звучник. Сеопфатниот дизајн е резултат на едногодишно истражување што ја анализирало анатомијата на човечкото уво, а резултира во пријатен фактор ослободен од кабли или лента на главата и овозможува целосно импресивен звук и 9 часа репродукција помеѓу полнењето.
Компанијата „
Хјуман Инк.“ го опреми својот адаптивен уред со дополнителни функции, како што се контроли на допир, амбиентална контрола на звукот, превод на 11 различни јазици и двојно повеќе траење на батеријата во споредба со другите безжични слушалки.