Возачите просечно поминуваат два дена годишно на волан чекајќи да се вклучи зеленото светло на семафорот. Тоа во иднина би можело да се избегне благодарение на технологијата на „комуникација“ помеѓу возилата што доаѓаат на раскрсницата од различни правци.
Една од компаниите што ја развиваат оваа напредна технологија е и „Форд“.
Нејзиниот систем на комуникации помеѓу автомобилите, „IMP“ (Intersection Priority Management), функционира така што возилата што приоѓаат на раскрсница од различни правци меѓусебно си разменуваат податоци за позицијата, правецот и брзината на движење.
Врз основа на овие информации, компјутерот пресметува и на екран ја прикажува идеалната брзина за секој од нив за безбедно да ја поминат раскрсницата, без запирање на семафор.
На снимката можете да видите како функционира
системот.