Британскиот боксер Рони Кларк го изложи својот шампионски појас на продажба на „Ибеј“. Тој претходно го освоил европскиот шампионски појас во верзијата ИБФ – втора полулесна категорија.
Почетната цена на појасот е 1.050 фунти. 33-годишниот Шкотланѓанец се решил на ваков чекор бидејќи немал пари да купи подарок за својот син за Божиќ.
Ова се должи на фактот дека поради повреда на противникот, неговата следна борба беше откажана.
Кларк посочи дека е подготвен да стави автограм на појасот, а исто така, доколку е потребно, да го испорача лично до купувачот.
Извор: МИА