X
 24.12.2016 Живот

Најубавиот божиќен подарок - добивка на лотарија за цел град!

За жителите на гратчето Пинос Пуерте во шпанската провинција Гранада, оваа година Божиќ подрани. Жителите на градот освоиле вкупно 56 милиони евра на традиционалната божиќна лотарија „Ел Гордо“.

 

1


„Ел Гордо“, во превод „Дебел“, е најголемата божиќна лотарија во светот. Специфична е по тоа што нема единствен џекпот, туку наградата се дели меѓу илјадници луѓе.

Божиќна традиција

На секое ливче има број со пет цифри, а се продаваат повеќе ливчиња со истиот број - едно ливче чини 200 евра. Поради високата цена, ливчето е поделено на десет „децимо“ кои чинат 20 евра.

„Ел Гордо“ е божиќна традиција во Шпанија. Семејствата, пријателите па и целата заедница заедно купуваат ливчиња со ист број.

Пинос Порто е гратче од само 13.000 луѓе. 451 човек купиле десетина ливчиња со победничкиот број 04536. Секој од нив ќе добие 125.000 евра, а слично се случи и пред неколку години во градот Гран.

После објавувањето на резултатите, целиот град излезе на улиците за да прослави. „Тоа се многу пари за град кој е во прилично лоша состојба. Ќе добијат пари многу семејства на кои навистина им се потребни“, изјави градоначалникот Хосе Енрике Медина. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот