Време е за најголемиот шопинг за оваа година!
Полни ходници и продавници, задоволни купувачи со полни кеси, ова е сликата што се очекува во „Скопје сити мол“ викендов.
Релаксирајте се, одморете се, договорете се со вашите најблиски за купување и спремете се за незаборавен шопинг во „Скопје сити мол“ на денот кога целиот свет го зафаќа шопинг-лудилото наречено Black Friday!
- И оваа година се надеваме на успешна Black Friday кампања и на задоволни потрошувачи кои знаеме дека со нетрпение го очекуваат овогодишниот Black Friday шопинг. Би сакал да кажам дека и оваа година намалувањата се движат од -20% до -70% кај повеќе од 130 продавници. Како најдобар трговски центар кај нас, сметаме дека овозможивме најдобри услови за незаборавен шопинг, шеста година по ред. Black Friday ќе трае цел викенд, за сите наши потрошувачи што нема да стигнат да купат сѐ што им е потребно во петок да можат да ги искористат дополнителните два дена - изјави Дамјан Корубин, маркетинг-менаџер на „Скопје сити мол“.
Од „Скопје сити мол“ велат дека оваа година очекуваат повторно над 100 000 посетители и воедно апелираат дека на Black Friday подобро решение е да се посети нивниот трговски центар со такси, автобус, тротинет или велосипед отколку со автомобил. Бидете подготвени за Black Friday во „Скопје сити мол“.
(Комерцијална објава)