Хрватска и Бугарија се едни од најсиромашните земји членки на ЕУ, додека Македонија е уште подолу на листата.
Затоа, како што пишуваат хрватските медиуми, не е ни чудно што секоја година десетици илјади луѓе одат да работат и живеат на Запад, во поразвиени и побогати земји.
Тоа го покажуваат и последните податоци на „Евростат“ за реалната индивидуална потрошувачка со која се мери материјалното богатство на домаќинствата, а според кои Бугарија со 54 отсто е на самото дно, додека Унгарија е на исто ниво со Хрватска со 62 отсто од
просекот на ЕУ.
Фото: Index
Хрватските медиуми пренесуваат дека се забележува и релативна стагнација, па во 2015 година земјата била на 59 отсто од просекот на ЕУ, во 2016 на 61 отсто, а во 2017 на 62 отсто. Романија, пак, била полоша и од Хрватска во 2015 година - на 58 отсто од просекот на ЕУ, за една година подоцна да стаса до 65 отсто и во 2017 година до 68 отсто. Словенија е на 77 отсто од просекот. Чешка бележи голем напредок и сега е на 82 отсто од просекот на ЕУ и успеа да премине некои стари членки како Грција која е на 76 отсто.
Над просекот на ЕУ се група земји предводени од Луксембург, кои според реалната индивидуална потрошувачка е на 132 отсто од просекот на ЕУ, потоа следи Германија (122 отсто), Австрија (117 отсто), Данска (114 отсто).
Евростат следи и земји кои не се во ЕУ, па може да се види дека Македонија е на дното и полоша е состојбата само во Босна и Херцеговина и во Албанија. Едно место пред нас се Србија, а погоре на листата се Црна Гора, Бугарија, Хрватска и така натаму.
Погледнете ја целосната слика.
Фото: Index