X
 27.01.2022 Култура

Тандемот Трпчески-Венгеров вечерва на сцената на Филхармонијата во Париз

По успешните настапи во Лондон и во Њујорк, славниот македонски пијанист Симон Трпчески и познатиот руски виолинист Максим Венгеров вечерва ќе настапат на сцената на Филхармонијата во Париз.


Тандемот Венгеров-Трпчески е сè уште загреан од исклучителниот втор концерт на 20 јануари во преполната сала „Карнеги хол“ во Њујорк, каде што присутните со стоечки овации ги поздравија двајцата врвни уметници, а тие за возврат ги наградија со три изведби на бис.
 
Серијата камерни концерти двајцата уметници ја започнаа на 10 јануари со настап на сцената на Лондонската сала „Барбикан“, каде што изведоа дела од Моцарт, Прокофјев, Франк и Равел.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура