Факултетот за музичка уметност во Скопје со концертната серија „Musica Viva“, од 27 до 29 ноември ќе одбележи 55 години постоење. На програмата се дела од светската музичка литература во изведба на студентите од ФМУ.
Концертите ќе се одржат во Музејот на македонската борба, почнувајќи на 28 ноември со студентите од класите по гудачки инструменти, гитара, дувачки инструменти и камерна музика. Следниот ден на програмата се студентите од класите по соло-пеење и корепетиција, а третиот ден ќе настапат студентите од класите по пијано.
Факултетот за музичка уметност е формиран во 1966 година под името Висока музичка школа. До 1978 година работел заедно со Музичко-балетскиот училиштен центар, а во март истата година бил преименуван во Факултет за музичка уметност.