X
 27.11.2019 Технологија

„Македонски телеком“ ја постави првата тестна 5G мрежа во центарот на Скопје

Измерена над 10 пати поголема брзина во споредба со 4G

„Македонски телеком“ ја постави првата тестна 5G мрежа во центарот на Скопје, со што обезбеди услови за тестирање на оваа нова технологија во реални услови. Ова е уште еден чекор кон воведувањето 5G во Македонија, што ќе овозможи технолошки напредок на општеството и многу нови функционалности за корисниците.



- Неколку години наназад интензивно работиме на градење на новата инфраструктура на мрежата која ќе им ги донесе придобивките на 5G на нашите корисници. Досега неколку пати сме мереле 5G брзини, во лабораториски услови. Денес првпат мериме брзини во реални услови, преку сигналот од првите 5G базни станици што се поставени во центарот на Скопје. Ја имаме првата тестна 5G мрежа во земјава што ќе ни овозможи да бидеме подготвени за воведување на оваа технологија за сите корисници, кога ќе дојде моментот - изјави Никола Љушев, главен извршен директор на „Македонски телеком“.



Целта на тестната 5G мрежа е тестирање на перформансите во реални услови со кои би се овозможиле нови услуги за корисниците, на пример: супер брз фиксен безжичен интернет, VR (Virtual Reality) 3600 видео во живо, VR gaming во реално време, ultra-HD multi video streaming, итн.). Тестирањата ќе се вршат во текот на 2020 година и врз основа на нив мрежата ќе се подготви за комерцијална фаза.



Со воведувањето на оваа технологија не само што ќе се создадат услови за развој на информатичко-технолошкото поле, туку пошироко, ќе се создадат услови за целосен економски развој на нашата земја. Ќе се смени начинот на кој функционира општеството, а придобивките ќе ги гледаме во сите сфери: медицина, образование, бизнис... 5G ќе почне да се имплементира во Европа од 2020 година, а целосна имплементација со сите нејзини напредни функционалности се очекува во периодот по 2025 година.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија