Вештачката интелигенција е премногу ризична за осигурување, велат луѓето чија работа е управување со ризици. Големите осигурителни компании, вклучувајќи ги АИГ, „Грејт американ“ и „Дабјлу-ар беркли“, побарале од американските регулатори дозвола да можат од корпоративните полиси да ги исклучат обврските поврзани со вештачката интелигенција.
Зошто? Како што изјавил еден од нив, затоа што за нив тоа е преголема црна кутија.
Индустријата има добра основа за страв. „Гугл АИ овервју“ лажно обвини компанија за соларни панели за правни проблеми, што во март резултирало со тужба вредна 110 милиони долари. „Ер Канада“ минатата година мораше да го испочитува попустот измислен од нејзиниот чет-бот. Лани, измамници користеле дигитално клонирана верзија на високорангиран директор за да украдат 25 милиони долари од лондонската компанија за проектирање „Аруп“, за време на видеоповик кој изгледал сосема реално.
Проблемот не е толку во поединечните големи исплати, туку во системскиот ризик кој би можел да резултира со илјадници истовремени барања ако се вмеша некој од широко користените модели на вештачка интелигенција.
Извор:
Mreza.bug.hr
Фото: Unsplash