X
 26.05.2018 Технологија

Роботите стануваат сѐ попаметни – учат од луѓето како да се однесуваат



„Енвидија“ разви систем базиран на длабинско учење со чија помош роботите ќе можат да научат да извршуваат нови активности, учејќи од луѓето за начинот на кој ги извршуваат.

Робот
(Фото: Pixabay)


Роботите често се користат на производствените ленти во фабриките, при што се програмирани да извршуваат определени активности – но секоја промена во начинот на работа бара и соодветно репрограмирање на роботите. Технологијата и науката моментално се движат кон иднината на роботите.

Тие нема да имаат потреба дополнително да се програмираат затоа што нивната вештачка интелигенција би можела да биде толку висока што ќе можат да учат од луѓето – да се разбираат со нив, да разговараат за бизнисот и за начинот на работа, што истовремено е и неверојатно и застрашувачко.

„Енвидија“ разви систем базиран на длабинско учење со чија помош роботите ќе можат да се тренираат за извршување нови активности, односно ќе можат да извршуваат нови работи едноставно гледајќи како луѓето го прават тоа. За почеток, овој систем е тестиран на едноставни работи – роботот гледал и учел како човекот ги подигал и поместувал обоените коцки, за потоа сам да ги подига и да ги постави на ист начин.

Иако сложувањето коцки на луѓето им изгледа како едноставна активност, ваквиот начин на учење и имитација на човечкото однесување и натаму е вонредно предизвикувачка и тешка работа за роботите, кои сами мора да научат како да ги идентификуваат објектите и начините на заемната интеракција.

Оваа метода претставува чекор поблиску кон иднината во која роботите рамноправно ќе можат да работат со луѓето, но веројатно означува и губење нови работни места за луѓето кои кога ќе се примени техниката на учење на роботите во реални услови, уште поедноставно ќе бидат заменети. Наместо посебно програмирање, роботите сами ќе научат како да извршуваат одредени работи, а како што ќе напредува овој систем, така веројатно и роботите ќе учат сè посложени работи – што значи дека ќе бидат и сè попосакувани од страна на работодавците.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија