„Номинет“, британскиот официјален регистар на домени, објави листа со најпопуларните национални домени за 2018 година.
Според неговите информации, во текот на 2018 година се регистрирани 153,2 милиони национални домени, што е значително зголемување во споредба со 2017 година (143,6 милиони домени).
На првото место според бројот на регистрирани домени е малиот пацифички остров Токелау, со 21,2 милион
.tk домени. Ова не е изненадување бидејќи споменатиот остров веќе трета година по ред е „најголема светска сила“ според овој критериум. Главната причина за популарноста на овој домен е што станува збор за домен кој може да се добие целосно бесплатно. Сепак, популарноста на доменот е опадната за една третина во споредба со 2016 година, кога биле регистрирани 31 милион.
На второто место е Кина со
.cn доменот, чиј број полека, но сигурно расте во последните неколку години - од 17 милиони во 2016 година до 20,8 милиони во 2018 година.
Германскиот
.de домен е трет по популарност, а по него следува британскиот
.uk домен.
Голема експанзија доживеа и доменот на малиот остров Ангилја. Со оглед на тоа дека тој гласи
.ai, многу компании што промовираат вештачка интелигенција се одлучуваат токму за него.
Најголем раст доживеа кувајтскиот
.kw домен со зголемување од 16,080 отсто, но треба да се земе предвид дека базата на доменот на оваа држава е многу мала и дека во текот на 2018 година се регистрирани вкупно 4.020 домени.
Најмал број регистрирани домени има Северна Кореја - вкупно 29
.kp домени - од што во текот на 2018 година се регистрирани пет нови домени.
Бројот на американските
.us домени во текот на 2018 година опаднал за 17 отсто, главно поради тоа што доменот
.com се поистоветува со
американскиот пазар.