X
 28.02.2022 Живот

Сте виделе ли како се раѓаат пчели?

За да утврди зошто во светот има сѐ помалку пчели, фотографот Ананд Варма, во соработка со лабораторија при Универзитетот во Калифорнија, овековечил 21 ден од животот на пчелите. Тој го снимил и почетокот на животот на овие мали прекрасни суштества, па сега имаме увид во моментот кога тие се изведуваат.

Снимката на Варма открива дека набрзо по развивањето на пчелите, кога сѐ уште се слаби, грините ги напаѓаат и им ја пијат крвта, ослабувајќи им го имунолошкиот систем. Тоа прави цела колонија да е чувствителна на разни заболувања, па цели заедници на пчели исчезнуваат.

Благодарение на сознанијата до кои дошле научниците по снимањето на филмот, експертите ќе можат да развиваат нови методи со кои пчеларите ќе можат да ги заштитат своите мали пријатели.



Извор: National Geographic
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот