X
 28.04.2018 Живот

Колку често треба да ја чистиме тастатурата?

Вашата тастатура е многу повалкана од капакот на тоалетната школка. Австралиски научници во една неодамнешна студија откриле дека на капакот од тоалетната школка има околу педесет бактерии во два квадратни сантиметри, што всушност не е многу. На типична тастатура, особено онаа што ја делат повеќе луѓе, ситуацијата, според истата студија, е 400 пати полоша.

Австралијците не се единствените кои дојдоа до овие сознанија. Во болница во Чикаго беше откриено дека бактериите со висока отпорност МРСА на тастатурата можат да преживеат 24 часа.

Во болница во Холандија биле проучувани стотина тастатури кои се користат и на 95 биле пронајдени стрептококи, стафилококи и други патогени. Се покажа дека тастатурата е највалканата подлога во целиот оддел за интензивна нега.

Со оглед на тоа колку често ги користиме компјутерите, не е изненадувачки што нечистотијата се таложи меѓу типките.

Кога да ја чистите тастатурата?

Повеќето микробиолози на тоа прашање ќе одговорат - најмалку еднаш неделно.

Американските лекари и медицински сестри во Националниот центар за здравствени истражувања советуваат дека дезинфицирањето на тастатурата да биде многу почесто, барем еднаш дневно. Тие препорачуваат миење раце пред и по секоја употреба на тастатурата, особено за време на сезоната на грип.

1

Фото: Freepik

Ако сте единствената личност која го користи компјутерот, тогаш повеќето бактерии на тастатурата се ваши и веројатно нема да ви наштетат. Сепак и таа тастатура треба да се чисти редовно.

А тоа се прави многу едноставно и ефикасно. Потребно е прво да го исклучите компјутерот, отстранете ги сите трошки од тастатурата и потоа испрскајте ја со некое средство за дезинфекција и избришете.

Филип Тиерно, микробиолог од њујоршкиот медицински факултет советува на крајот од денот добро да се избрише и мобилниот телефон, на кој исто така може да се најдат на различни патогени бактерии како ешерихија коли или стрептокока.

Фото: Freepik
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот