Често се дискутира на темата дали тетоважите се безопасни или, пак, може да доведат до различни компликации и состојби на кожата. Тетоважите се применувале уште од далечното минато, кога претставувале одредена симболика или ритуал во некои заедници.
Денес, сè почесто гледаме луѓе со различни тетоважи на своето тело, а особено може да се забележат кај познатите личности. Со денешната технологија исцртувањето и украсувањето на телото веќе преминува во уметност.
Но, дали сте чуле за 3Д-печатена тетоважа за мониторинг на здравјето, која е направена со бактериско мастило? Иако звучи чудно, во следното видео ќе погледнете дека ваквата тетоважа е всушност поздрава за вашето тело.