X
 28.05.2020 Живот

Посткарантинска атмосфера во скопските кафетерии и ресторани (ФОТО)

Од денес кафетериите и рестораните повторно ги отворија вратите за клиентите, иако под малку поразлични услови.

Засега, на угостителските објекти за исхрана им е дозволено да работат од 08:00 часот до 22:00 часот и се дозволува работа само на отворените делови од угостителските објекти за исхрана со послужување, кои се од три страни отворени со кровна конструкција.

Според усвоениот протокол, вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително треба да носат заштитни маски и зачестено да одржуваат хигиена на раце, а се ограничува и бројот на гости, односно ќе се послужуваат само гости кои може да седат или лица кои преку шалтер ќе подигнуваат нарачки. Не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси. На една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица доколку се од исто семејство. Протоколот дозволува максимален број од 12 лица на споени маси заедно со задолжително растојание помеѓу секој гостин од 1.5 метри.

Нашиот фоторепортер направи неколку фотографии од денешната атмосфера во скопските локали.











Фото: Борче Поповски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот