Љубителите на небото имаа можност да уживаат во полната месечина овој месец или таканаречената „црв-месечина“, позната и како супермесечина.
Фотографиите од разни места на светот нудат прекрасни глетки од полната месечина, која е втората најблиска од вкупно три супермесечини во текот на годината.
Супермесечините се случуваат кога елиптичната орбита на Месечината ја доведува до најблиската точка до Земјата. Фразата била измислена во 1979 година, според НАСА.
Мартовската полна месечина, која е и позната како чавка, кора или црвлива месечина, играла важна улога во домородната американска култура.
- Повеќето северни племиња од североисточниот дел на САД ја знаеле како чавка-месечина, кога гракањето на чавките го означувало крајот на зимата - објаснува НАСА на својата веб-страница.
- Другите северни имиња биле кора-
месечина, поради снежната покривка што преминувала во кора поради топењето во текот на денот и замрзнувањето во текот на ноќта.
Но, јужните племиња ја нарекле „Црв-месечина“ како резултат на структурата што црвите ја оставаат на земјата.
Извор: Foxnews.com
Фото: Instagram